Рехабилитационен центар посветен на природно закрепнување преку хипербарична кислородна терапија (HBOT) и биофотомодуларна терапија со црвена светлина.


Мисијата на нашето здружение е да овозможи скапи и напредни терапии по цена достапна за сите граѓани. Веруваме дека пристапот до квалитетна нега за закрепнување не треба да зависи од финансиската состојба на пациентот, туку да биде достапен за секого на кого му е потребен.
Центарот „Зошто да не?" постои од желба да понудиме природен, неинвазивен и безбеден начин на закрепнување. Наместо агресивни процедури, ја поддржуваме моќта на кислородот и светлината, два елементи што телото самото ги користи за обнова на клетките.
Секој пациент кај нас е сретнат со внимание, трпение и разбирање. Пред секоја терапија разговараме за вашата состојба, цели и очекувања, за да можеме заедно да го избереме најдобриот протокол. Не брзаме и не оптоваруваме. Создаваме средина во која телото може да се опушти и да закрепне.
Тимот зад терапиите е сертифициран за хипербарична медицина и редовно ги следи најновите насоки во областа на оксигена и биофотомодулациска терапија. Искуството ни кажува дека најдобрите резултати доаѓаат кога стручноста се спои со грижата за човекот. Затоа секоја сесија ја спроведуваме со целосна посветеност и безбедност.
Терапиите се спроведуваат комбинирано. HBOT и биофотомодулација се применуваат заедно во рамки на еден третман, во времетраење од 60 до 90 минути, во зависност од здравствената состојба и потребите на пациентот. Комбинацијата овозможува паралелно дејство на два различни механизми на клеточно закрепнување во едно седење, а третманите ги изведува сертифициран тим за хипербарична медицина.
Терапијата започнува со биофотомодулација: соодветни панели со црвена и блиска инфрацрвена светлина ја стимулираат кожата и ткивата. Потоа пациентот влегува во хипербарична комора, каде вдишува чист кислород под зголемен, но удобен притисок. На овој начин клетките добиваат повеќе кислород и поттик за подобро искористување на тој кислород.
Терапијата е безболна, без операции и без инвазивни процедури. Пациентите едноставно одмараат додека комората нежно ја врши својата работа.
Идеален за прво запознавање
месечно
Вкупно 23.200 денари · месечно 11.600 денари
Терапиите се изведуваат од понеделник до петок; саботите и неделите пациентите одмораат.
Плаќањето на терапиите се врши однапред, преку уплата на жиро сметка на здружението.
Единствениот дополнителен трошок е канила или маска за приклучок на кислород, што ја купувате вие. Ако не можете самостојно да набавите соодветна канила или маска, за 270 денари може ние да ви ја обезбедиме.

HBOT (хипербарична кислородна терапија) е неинвазивна терапија во која пациентот вдишува чист кислород во зголемен притисок. Овој притисок го зголемува количеството кислород што влегува во крвта и ткивата, дури и во области со намалена циркулација.
Повеќе кислород на клеточно ниво значи подобро создавање енергија (ATP), намалување на воспаленијата, поттикнување на закрепнувањето на рани и поддршка на нервниот систем. Терапијата е безболна. Пациентот едноставно седи или лежи во комората и дише нормално, додека притисокот и кислородот ја вршат својата работа.
Кај нашите пациенти HBOT најчесто ја користиме како поддршка при закрепнување после операции, повреди, мозочен удар, невролошки состојби, автоимуни проблеми и хроничен замор. Секој третман е прилагоден конкретно кон вашата состојба, а нашите терапевти внимаваат секој момент да помине во мир и безбедност.

Биофотомодуларната терапија, позната и како терапија со црвена и блиска инфрацрвена светлина, користи специфични бранови должини на светлината за да стимулира митохондриите, енергетските централи на клетките.
Кога светлината ја апсорбира клетката, се зголемува производството на енергија и се активираат процеси на закрепнување. Ова помага за намалување на воспаленијата, подобрување на циркулацијата, забрзано заздравување на кожата и ткивата, како и намалување на болката.
Во нашиот центар биофотомодулацијата се комбинира со HBOT за уште посилен синергетски ефект. Повеќе кислород од хипербаричната терапија и подобро искористување на тој кислород преку светлинска стимулација значат побрзо закрепнување и подобро чувство на свежина.
Нормобаричната оксигена терапија е седење во пријатна, мирна средина додека дишете чист кислород преку назална канила или маска на нормален атмосферски притисок. За разлика од хипербаричната терапија, тука не влегувате во комора и не чувствувате притисок во ушите. Тоа ја прави терапијата достапна и релаксирана опција за сите возрасни групи.
Во нашиот центар оваа терапија ја комбинираме со биофотомодулација. Во текот на 30 минути чистиот кислород се диши истовремено додека светлинските панели со црвена и блиска инфрацрвена светлина ја стимулираат кожата и ткивата. Ефектот е моќна поддршка за клеточна обнова, анти-стрес и подобрување на енергијата.
Оваа комбинација е одличен избор за сите кои сакаат природна поддршка за организмот без потреба од влегување во хипербарична комора. Терапијата е безболна, безбедна и може да се зема и поединечно, според вашите потреби и распоред.
Може да се земе и поединечно
Комбинирана нормобарична оксигена терапија + биофотомодулација
Комбинирана нормобарична оксигена терапија + биофотомодулација
Јавете се или пополнете ја формата. Ќе најдеме термин што ви одговара.
Кратка средба каде разговараме за вашите потреби и целите на терапијата.
Опуштете се. Ние се грижиме за вас во смирувачка, професионална атмосфера.
Центарот „Зошто да не?“ од надворешна страна.
Просторот за биофотомодулација, со панелата.
Панелата во дејство, со црвена и блиска инфрацрвена светлина.
Комората во која се изведува HBOT.
Јавете се, пишете ни или пополнете ја формата — ќе ви одговориме во најкус можен рок.